20.03.2023 Скопје
Честото прозевање, летаргија и брз замор се само некои од симптомите кои ги чувствуваме во преодниот период од зима во пролет, а кои ги носи пролетниот замор.
За да го подигнете нивото на енергија, ви предлагаме здрав и вкусен напиток богат со витамини и минерали.
Преодниот период од една сезона во друга многумина го чувствуваат, а причина за тоа е пролетниот замор.
Брзиот замор, намалената концентрација, зевањето и чувството на постојана потреба за сон се симптоми кои се јавуваат како резултат на слаба физичка активност и намален внес на витамини.
Еден од најголемите енергетски засилувачи присутен во свежото овошје и зеленчук е витаминот Ц. Покрај тоа што помага во апсорпцијата на железото, тој е вистинско богатство на здравјето. За да ја замениме потребата од тој витамин и други минерали, ви предлагаме едноставен и вкусен напиток кој ве буди од „зимскиот“ сон.
Потребни состојки:
– 4 големи листови блитва
– 1 рендан морков со средна големина
– 1 цеден портокал
– 1 лажичка мед
– 2 лажички сок од лимон
– половина лажичка куркума
– неколку коцки свежо цвекло
– малку рендан ѓумбир
– 2 мл вода
– неколку коцки мраз
Подготовка:
Сите состојки ставете ги во блендер или соковник, измешајте и уживајте во енергетска чаша здравје.
Подготвено од А.Ѓ.