Црна Гора

31.03.2023 Скопје

На полноќ ќе започне изборниот молк во пресрет на вториот круг од претседателските избори во Црна Гора, кој ќе се одржи во недела на 2 април.

Во вториот круг од претседателските избори ќе учествуваат кандидатите на Демократската партија на социјалистите Мило Ѓукановиќ и Јаков Милатовиќ од Движењето „Европа сега“.

Ѓукановиќ во првиот круг освои 35,3 отсто од гласовите, а Милатовиќ 28,9 отсто.

Право на глас на претседателските избори во Црна Гора имаат 542.154 граѓани.

Избирачките места ќе бидат отворени од 07:00 до 20:00 часот.

Изборите ќе ги следат домашни и странски набљудувачи.

Мандатот на претседателот на Црна Гора е пет години.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author