https://www.facebook.com/photo/?fbid=531133842345017&set=basw.AboWaD3qoTBoydY5fJIHwuG0f_pCdOF1HMhcfWqlReDjIPN86BJV5K06M43yZC1XhpyT6KipCocHZztYapsVBuTu6cSNSvk4XJBFWOU4YoL-NwL5KzuiyaYGlaTbay8KsQiDoUX2NDg3MUd_j728PiKA&opaqueCursor=Abqdom6LKwReXGviC9fyc6nuw7CbchU2c6kUAk-wM2pifBkmJs5jXxAVawJVIkmSkQg1MiC4AsXvGETY21BIEUGIfK3b0S323SKt-9LbDniX36Xg_J3xNBdM12AyWSgQDVZ1Xxp3Nor_uTMCQrHnZnzAGtuN_sSgbYPP6SR7l0jlnnupkNnUub8OSmAsYXSfuc2pbJ3lHZITw2pVlfV2pCVF6m3iLYdP8AIXWo7SXwDOsRqrT6sT_SY-xvUPYZAD2Wmn_wZe7mRbrUGE-MSDVviJz-Qy2ptuY28dRVWOf7QzDFa5Djg3Xy3DL0jrgPYJgv1aIt6DduebCZ6ts1oWPU0R1weScqMXiYew7CKVvze1sbnP7pypyruc6_0AWvU-FBB-9G2JTrHKqFhxxtW-c1hDIU9aH3M3iiCXJyCNOqcPOZ1ZJRS2VFsB8GNfT_-Xj8OUVS2e5u-ag41C6UJ0TQmKmyI4BYHCC-UbX6V-jP0LdQjOIa8nuacLuD4zJN9tJRJUYlyPnE0226T5xksF9FJDyPxUKKsWVYIeb5LmMTlbVkQTsIu1QtMZcMt33AkbeYcbK7AiqXsGpfEfBgddEq4rN5slA1jqI8o_FQTxbLJczs4TJTPF1ejksScr-iA2PVNtiHOIutNT5BmnEB4uHt7MSlqOgwObQniJCc45IrJ7KjbYPY6W1y4NS4YTsBzC_-7PqKTku4glNQT0kwDxTdpGt4l_TaWX-evxhO3gaaErZPpCZvB1aP3NCA8o6gWc8jKnM9MEpdtkzeshZzEHIwmVy1SHFWSgwNTRZfU-ioraoyFnAW8K9_8raBO_lH-dPF9eH2BDAJVkZG3NH2tC3tA0Iwakybl550SIjfoTDTQlzIGHz1WQQ57tLY2LcLQpnw2zMPKlo3l5KHMxprtzAFMyain9P-hqX7X01xtPnwMaG0XgdJ-bngBq4sUCWGnCMU-b5HXdByRoClZkXRJ1U-B2vZhxh1UjZTotdmIcrSHH7g

23.03.2023 Скопје

Централната изборна комисија изнесе податоци дека на претстојните предвремени парламентарни избори во Бугарија што ќе се одржат на 2 април, во Република Северна Македонија ќе гласаат вкупно 169 Бугари, објави бугарското Министерство за надворешни работи.

Според списоците што ги објави Централната изборна комисија, за гласање во бугарската амбасада во Скопје пријавени се 15 лица, а во Генералниот конзулат во Битола ќе гласаат 9 лица.

Во Кавадарци ќе се гласа во хотелот Уни Палас и таму се пријавени 42 бугарски граѓани, во Прилеп се пријавени 41 лице, во струмичкиот хотел Илинден ќе гласаат 22 Бугари, а за гласање во Тетово во поранешната зграда на Радио Тетово пријавени се 40 лица.

Можност за гласање имаше и во Охрид, но според податоците објавени на страницата на бугарското МНР, таму за гласање не се пријавил никој.

Подготвено од М.Н.

About Author