04.03.2023 Скопје
Сенаторот на Флорида, Рик Скот, соопшти дека српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ нема да може да влезе во САД бидејќи не е вакциниран против коронавирусот, а тоа значи дека нема да смее да се натпреварува на УС Опен.
Ѓоковиќ испратил барање до САД за изземање, односно посебна дозвола за влез, но барањето било одбиено.
„Штотуку ме информираа дека Министерство за домашна безбедност на САД го одби барањето на Новак Ѓоковиќ за ослободување од вакцини, што го прави неподобен за турнирите во Индијана Велс и во Мајами. Џо Бајден сега мора да го поправи тоа, да даде изземање и да му дозволи да се натпреварува во Соединетите Американски Држави“, соопшти Рик Скот.
За Ѓоковиќ најважен е турнирот УС Опен бидејќи доколку победи на турнирот тоа ќе му донесе предност пред Рафаел Надал на вечната листа.
Подготвено од М.Н.