23.0.2023 Скопје
Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ започна преговори со Реал околу продолжување на договорот кој му истекува за само три месеци, но 37-годишниот играч има понуди и од два други клуба.
Реал долго чекаше да започне преговори со својата жива легенда, кој наскоро може да го напушти клубот без обештетување, а во комбинација со многу променливата форма на Модриќ во последните месеци се почесто се шпекулираше дека Мадрид повеќе не го сака Хрватот.
Со оглед на возраста на Модриќ, Реал во последните сезони му го продолжи договорот на една сезона. Тој дојде во Реал во 2012 година од Тотенхем за 35 милиони евра, оттогаш Модриќ одигра 473 натпревари за Реал, постигна 37 и намести 76 гола. Хрватскиот фудбалер со Реал освои три шпански и пет европски титули.
Подготвено од М.Н.