https://www.facebook.com/fcrabotnicki/photos/10160357224597870

29.03.2023 Скопје

Фудбалскиот клуб Работнички, претставен преку генералниот секретар Ненад Монев, е активен учесник на 29 Генерално собрание на Европската асоцијација на клубови (ЕКА) што се одржува во Будимпешта.

Претседателот на EKA, Насер Ал-Хелаифи и претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, потпишаа обновен Меморандум за разбирање и соработка меѓу ФИФА и ЕКА.

Новиот долгорочен договор ги зајакнува односите меѓу ФИФА, како управно тело на фудбалот ширум светот и ЕКА, како единствено тело што ги застапува интересите на европските клубови.

Договорот ќе им овозможи на ЕКА и ФИФА да ја надградат нивната блиска соработка, која постои од раѓањето на ЕКА пред 15 години, сега со нов мандат до 31 декември 2030 година, со што ќе донесе долгорочна стабилност меѓу националните селекции и клупските натпреварувања.

Подготвено од М.Н.

About Author