03.03.2023 Скопје
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на 10 март ќе престојува во официјална посета на Вашингтон.
Портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер, го потврди ова во соопштение, додавајќи дека претседателот Џо Бајден е „возбуден“ што ќе ја пречека Фон дер Лајен во Белата куќа.
„Во срцето на разговорите ќе биде соработката меѓу САД и ЕУ за поддршка на Украина, во контекст на руската инвазија“, истакнаа од Белата куќа, додавајќи дека особено внимание ќе се посвети и на координацијата за борбата против климата, промена и отпорност на глобалните синџири на снабдување.
Страните ќе разговараат и за работата на заедничката европска работна група за енергетска безбедност, формирана пред една година, како и за голем број меѓународни предизвици, вклучително и предизвиците што ги поставува Кина.
Подготвено од М.Н.