08.03.2023 Скопје
Утре со почеток во 20 часот, оркестарот на Филхармонија ќе го одржи концертот насловен „Бедем” на кој како солистка ќе настапи една од најперспективните виолинистки на светската музичка сцена – Леиа Зу од Кина.
Диригентка е Ребека Тонг (Индонезија/САД), а на програмата се Концертот за виолина и оркестар во Де-дур и Симфонијата бр. 7 во А-дур од Лудвиг ван Бетовен, како и два става од композицијата „Robert’s suite” на македонската авторка Бете Илин, кои премиерно ќе прозвучат на концерт.
Подготвено од А.Ѓ.