16.03.2023 Скопје
Министерството за труд и социјална политика продолжува со активностите насочени кон вклучување на родовата перспектива во буџетските политики и процесот на стратешко планирање.
За таа цел во Ресурсниот центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање се организира дводневна обука на тема „Родово одговорно буџетирaње и неговата примена во секторските политики и програми“.
На обуката присуствуваат претставници од: Управа за извршување на санкции, Институт за јавно здравје, Агенција за аудио аудио визуелни медиумски услуги, Агенција за катастар на недвижности, Центар за стручно образование.
Обуката е дел од активностите на проектот „Унапредување на институционализацијата на РОБ преку систематска интеграција на родовата перспектива во стратешкото планирање и програмирање на владините институции во Република Северна Македонија“, поддржан од канцеларијата UN-Women во Скопје.
Подготвено од А.Ѓ.