https://www.flickr.com/photos/worldbank/16953090889

22.03.2023 Скопје

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) објави дека е постигнат договор со Украина за четиригодишен финансиски пакет вреден околу 15,6 милијарди долари.

Договорот, кој допрва треба да биде ратификуван од Бордот на директори на ММФ, е резултат на неколкумесечни преговори меѓу ММФ и украинските власти.

ММФ изрази очекување дека овој договор ќе помогне да се поттикнат голем број меѓународни донатори и партнери да и дадат заеми на Украина под услови поповолни од пазарните.

„Постепено економско закрепнување од големите штети на критичните инфраструктурни објекти се очекува во следниот четиримесечен период, иако пречките остануваат, вклучувајќи го и ризикот од понатамошна ескалација на конфликтот“, рече претставникот на ММФ, Гевин Греј.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author