14.03.2023 Скопје

Кошаркарите на Минесота го победија тимот на Атланта со 136:115 во вечерашниот натпревар во НБА.

Ентони Едвардс ја предводеше Минесота до победата со 32 поени, осум скока и пет асистенции, додека кај тимот на Атланта се истакна Треј Јанг со 41 поен, шест скока и седум асистенции.

Екипата на Мемфис вечерва го совлада Далас со 104:88.

Најдобар кај Мемфис беше Дезмонд Бејн со 23 поени, седум скока и седум асистенции. Во тимот на Далас се истакна Џејден Харди со 27 поени и осум скока.

Кошаркарите на Мајами на домашен терен го победија тимот на Јута со 119:115.

Тимот од Флорида до победата го предводеше Џими Батлер со 24 поени, осум скока и четири асистенции.

Во тимот на Јута повторно се истакна Лаури Марканен со 38 поени и осум скока.

На другите НБА натпревари вечерва беа постигнати следниве резултати:

Детроит-Индијана 117:97, Хјустон-Бостон 111:109, Голден Стејт-Феникс 123:112 и Милвоки-Сакраменто 124:133.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *