20.03.2023 Скопје
Кандидатот на Демократската партија на социјалистите (ДПС) Мило Ѓукановиќ и кандидатот на Движењето Европа сега Јаков Милатовиќ ќе се натпреваруваат за претседател на Црна Гора во вториот круг од претседателските избори.
Првите информации се дека врз основа на над 80 отсто од обработениот примерок на ЦДТ и ЦЕМИ Ѓукановиќ има меѓу 35 и 36 отсто гласови, додека Милатовиќ има меѓу 28 и 29 отсто гласови.
Вториот круг од изборите ќе се одржи за 14 дена, односно на 2 април.
Подготвено од М.Н.