14.03.2023 Скопје
Јапонски астроном успеа од Земјата да го сними неверојатниот момент кога метеорит удира во Месечината, што доведе до блесок на сателитот.
Даичи Фуџи, кустос во градскиот музеј Хирацука, успеал да го сними овој момент користејќи камери поставени да ја следат Месечината.
На 23 февруари, нешто по 12 часот по наше време, камерите снимија како метеоритот удира во Месечината северозападно од кратерот Питискус.
Метеорите се движат со просечна брзина од околу 48.000 km/h, или 13,4 km/s. Нивните удари со голема брзина генерираат интензивна топлина и создаваат кратери, а исто така испуштаат брилијантен блиц.
Ударите на Месечината може да се видат од Земјата доколку се доволно големи и се случуваат во област свртена кон Земјата во текот на лунарната ноќ.
Фуџи истакна дека новоформираниот кратер би можел да има дијаметар од околу десет метри и на крајот би можел да биде снимен од Лунарниот извидувачки орбитер на НАСА или индиската лунарна сонда Чандрајаан 2.
Додека метеорите секојдневно се судираат со Земјата, огромното мнозинство од нив целосно согоруваат во контакт со атмосферата.
Месечината, сепак, има само многу тенка егзосфера, што значи дека метеорите кои нема да стигнат до површината на Земјата обично удираат на Месечината, создавајќи кратери.
Снимањето на овие настани има и научна вредност и им помага на научниците да ја научат стапката на удар на површината на Месечината, што е уште порелевантно додека САД и другите земји се подготвуваат да испратат астронаути на Месечината.
Подготвено од А.Ѓ.