23.03.2023 Скопје
Во секторот на енергетскиот суверенитет, премиерката на Италија, Џорџија Мелони, се повеќе го следи својот претходник Марио Драги. Мелони го направи новиот „план Матеи“ за Африка кој беше еден од темелите на неговата индустриска стратегија.
„Целта е да се трансформира Италија во енергетски центар меѓу Северна Африка и Европската Унија, прераспределувајќи 60 милијарди кубни метри гас на нејзините европски партнери“, изјави Мелони.
Поради оваа причина, премиерката на Италија најпрво сакаше да се сретне со алжирските лидери, а потоа да отпатува во Либија. Според многу аналитичари, Мелони на овој начин покажува извонреден „прагматизам“ во односите со Брисел.
Подготвено од М.Н.