09.03.2023 Скопје
Килијан Мбапе со една реченица го објасни поразот од ПСЖ во Лигата на шампионите синоќа, Французинот изјави дека „баварците“ направиле тим за освојување на Лигата на шампионите, а дека мечот синоќа бил најдобар за „светците“.
Килијан Мбапе (24) ниту во шестата сезона во ПСЖ не успеа да го постигне она што го натера да дојде во тој клуб од Монако во 2017 година со обештетување од 180 милиони евра.Стана најдобриот стрелец во историјата на „светците“ со 201 гол, освоени четири француски титули и три купа, но Лигата на шампионите останува надвор од него.
Најблиску до тоа беше пред две години, но потоа загуби од Баерн во финалето.
Откако истиот клуб го исфрли оваа сезона веќе во осминафиналето со убедливи 3:0, Мбапе даде краток, но силен коментар за континуираниот неуспех на ПСЖ во најважното натпреварување.
„Баерн изгради тим за освојување на Лигата на шампионите, а за нас ова е максимум. Мораме да се запрашаме зошто е тоа така и да се вратиме од Лигата на шампионите во нашето секојдневие, а тоа е Лига 1“, истакна Мбапе.
Мбапе веќе подолго време не го крие своето незадоволство од ограничувањата на ПСЖ надвор од Франција, а незадоволството расте откако тој клуб не успеа да ја освои Лигата на шампионите ниту откако Меси им се приклучи на Мбапе и Нејмар.
Французинот го продолжи договорот со ПСЖ до 2025 година, но во последните денови шпанските медиуми пишуваат дека Реал, омилениот клуб на Мбапе, го бара летово.
Подготвено од А.Ѓ.