srednoskolci

13.03.2023 Скопје

Денеска дел од средношколците, кои годинава ја слушаат последната година, излегоа на протест пред Министерството за образование и наука.

Средношколците потенцираат дека имаат изгубено премногу настава за да може да се подготват за полагање на редовната државна матура. Тие бараат од надлежните да им биде намален материјалот кој треба да го совладаат за полагање на истата, во спротивно најавуваат дека и наредните денови ќе протестираат и нема да посетуваат настава.

Лука Павиќевиќ, претседателот на сојузот на средношколци, истакна дека тие не се организатори на протестот, но додаде дека во наредните две недели ќе биде повикано Генерално собрание на кое ќе ги разгледаат барањата на средношколците и ќе одлучат дали ќе се приклучат на протестот и какви ќе бидат идните нивни чекори.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author