16.03.2023 Скопје
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, денеска по одржувањето на Советот за социјална сигурност, информираше за усвоеното усогласување на мартовските пензии, односно покачување за 8,4%.
На прес-конференцијата на која присуствуваа министерката за труд и социјална политика Јованка Тренческа и претседателката на Сојуз на здруженија на пензионери Станка Трајкова, претседателот на владата истакна дека од почетокот на мандатот на оваа Влада заклучно со септември 2023 година пензиите ќе бидат повисоки за 25% што е најголемо покачување досега во историјата на државата.
Премиерот Ковачевски истакна дека ако се зборува во проценти, зголемувањето на мартовската пензија согласно методологијата ќе биде зголемена за 8,4%, што е и повеќе од очекуваното. Воедно, истакна дека во оваа 2023 година освен ова мартовско усогласување на пензиите, уште едно ќе следи во септември и е усогласено според трошоците за живот и порастот на просечната плата.
Министерката Тренчевска објасни дека усогласувањето на пензиите се врши согласно метологијата 50% трошоци од пораст на проечната исплатена плата и 50% од порастот на животот на трошоците во Република Северна Македонија.
„Септемвриските пензии се усогласија во 2022 година согласно овој комбиниран модел од 50% пораст на просечната плата и 50% пораст на трошоците на живот и ја зголемивме, односно усогласивме тогаш поензијата за 6,8%. Зголемувањето сега со мартовската пензија, која што пензионерите ќе ја добијат на крајот од месец март, некаде 27ми март ќе започне исплатата на пензиите, ќе биде зголемена, односно усогласена за 8,4% и со тоа просечната пензија од 17.666 денари се зголемува на 19.150 денари“, рече Тренческа.
Усогасувањето на пензиите почна од септември минатата година. Септемвриските пензии се усогласија согласно овој комбиниран модел од 50% пораст на просечната плата и 50% пораст на трошоци на живот, пензиите се зголемија во висина од 6.8%, со што пензијата од 16.348 денари се зголеми на 17.666 денари.
Со овој начин на усогласување на пензиите се овозможува реален пораст на пензиите во однос на платите, односно како што ќе порасне просечната плата, во континуитет растат и пензиите.
Подготвено од А.Ѓ.