https://www.facebook.com/GlasAmerikeVOA/photos/bc.AbpAGJKAarMLMQbipENat20-NShr5rERG7or1_toYfZOmC01CvZww47z7EHEd70tE27eupmMRYv2DQ9-qBR4xQQZERb8WNqW4zLF2PIEwVJkWYN2CHQEYu-EfZzeliDEbxQvj1-ggMr7KWC3cZ1aXg_O/10157211092046325/?opaqueCursor=Abr0Kqym8f0f8c-uWo1Caoze2fsAXYF6oJelQo4yaoUsv1pfO28Yv1RXyqyIusbGHcsQTTjki2ING0n3cmvD_-loePtXgGqee6SGmH9eku41br9nyT4u1d8mlK6KgaK-FPxhlpK6FJqCbz2wSpOaN5wz_0C4ffdlC4CfKhyDsdQ1DVJIzAJHk4Ys0oJpFl-PL0yBJSoK-aUz_mEW98P6maWY9x6-glNfWYc4EpWqK7F-NQrFQ1HvgQwF1Oo_3n_Fn3ipnyU9KOA5DAOUjYZ1EtIJmExWPfU_FyjjzqPUVAOdwMM8tBICwYMBX_5f_ZrkIRNyXkRr1hFfhvjylWu3nEMfCrb4cC_jE5VSN0dxQCBdtBOeuo6PidkYzKq8zWKPBJXcaBIp1KfSfRbjtcrXTqvmXjiH4iAw-JRarsqVZcVqxbN_lcRrrwswZr93T5yJnvOmDb0K8jfkPHKRtiNJ19In9vD6YsrupR1-BCsL6BHnu1GhJXUEIGZxiiQkNH4oht8vJB_aLqJgjqgfYWHzDMXwAg7YR7Qvj7lYr2mQlo0GrhUzSzBwM7epAnI6HUbCIehfg8tRfAbd8pPWrbrkatzlw-8WDSlSWqLroYNzlvyVBz2tu3bzr7m6u6_rDmMfLhYGgC_FFx036fXWxd9MTAUIqcglfjThI_v7-KKKGLGAAQ

29.03.2023 Скопје

Федерален судија одлучи дека поранешниот американски потпретседател Мајк Пенс мора да сведочи пред големата порота за разговорите што ги имал со поранешниот претседател Доналд Трамп пред нападот на Капитол на 6 јануари 2021 година, јавуваат медиумите.

Во одлуката, судијата истакна и дека Пенс сепак може да одбие да одговори на прашања поврзани со 6 јануари, а повикувајќи се на анонимни извори, се дознава дека Пенс сепак може да поднесе жалба на пресудата.

Претставниците на специјалниот советник Џек Смит, кој ја води истрагата на Министерството за правда за наводните напори на Трамп и неговите сојузници да ја поништат загубата на изборите во 2020 година, не биле веднаш достапни за коментар, а не биле достапни ниту претставниците на Пенс, соопштија тамошните медиуми.

Подготвено од М.Н.

About Author