https://www.facebook.com/footballfederationofmacedonia/photos/6399956426704478

21.03.2023 Скопје

Македонската фудбалска репрезентација е комплетна, селекторот Благоја Милевски почна да ги сложува коцките за старт со победа во новиот квалификациски циклус.

Репрезентативците се собраа и веќе ги одработуваат подготовките. Атмосферата е позитивна, целта е јасна, да се стартува со победа во квалификациите.

Репрезентацијата на Република Северна Македонија во четврток против Малта во Скопје ги започнува квалификациите за Европското првенство 2024 година.

Покрај Малта во нашата група се уште и Италија, Англија и Украина.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *