17.03.2023 Скопје
Мајкрософт објави нови планови да ја направи вештачката интелигенција достапна за повеќе корисници, како одговор на ривалските достигнувања на Google во истата област.
Во текот на вчерашниот ден, Мајкрософт претстави нов „Копилот“, односно асистент-вештачка интелигенција за пакетот „Мајкрософт 365“, кој вклучува Word, Excel, PowerPoint и Outlook.
„Веруваме дека оваа следна генерација на вештачка интелигенција ќе отвори нов бран на раст на продуктивноста“, рече извршниот директор на Мајкрософт, Сатја Надела, на денот кога цената на акциите на Мајкрософт порасна за околу четири отсто.
Лудилото за инвестирање и создавање нови производи базирани на вештачка интелигенција започна со лансирањето на ChatGPT, апликација за разговор со вештачка интелигенција минатата година, за која рече дека го демонстрира потенцијалот на таканаречените големи јазични модели.
Ваквата технологија учи од веќе постоечките и достапни податоци како да креира нова содржина, а оваа недела компанијата која ја креираше апликацијата OpenAI го објави лансирањето на верзијата GPT-4.
Функциите на таа апликација ги имитира апликацијата Копилот на Мајкрософт, а од компанијата најавуваат дека апликацијата „ќе охрабри повеќе луѓе да го користат пакетот Office и ќе ја зголеми одвоеноста во однос на конкурентите“.
Потпретседателот на Мајкрософт Џон Фридман рече дека разговорот со апликацијата на Мајкрософт е најголемото искуство за учење за една апликација.
„На пример, корисникот може да праша: „Кажете му на мојот тим како да ја ажурира стратегијата на производот“, а вештачката интелигенција ќе преземе податоци од е-пошта од тоа утро, состаноци или разговори“, рече Фридман.
Тој додаде дека на долг рок, вештачката интелигенција треба да биде поперсонализирана.
„Ние често ги принудуваме луѓето да се прилагодат на машините и системите што ги изградивме. Ова е нешто што ќе почне да се прилагодува на вас“, заклучил Фридман.
Подготвено од А.Ѓ.