https://www.facebook.com/photo/?fbid=580815574061084&set=pcb.580816010727707

29.03.2023 Скопје

Од под урнатините на зграда на југот на Турција спасена е мачка која под нив поминала 49 дена.

Разорни земјотреси ги погодија јужните региони на Турција на 6 февруари, со епицентар во провинцијата Кахраманмарас, од каде потекнува оваа трогателна приказна за преживеан миленик.

Сопственичката на мачката Нида Дина (36) и нејзината ќерка секојдневно доаѓале до урнатините на зградата и ја барале својата двегодишна мачка Хан на соседните улици во областа Оникисубат.

„Зградата ни беше оштетена во првиот земјотрес и излегов со ќерка ми, но мачката не успеавме да ја најдеме бидејќи се криеше. започна градењето на приказни“, изјави Дина.

Нагласувајќи колку се среќни поради ова чудо, Дина рече дека луѓето никогаш не треба да губат надеж бидејќи чуда навистина се случуваат.

„Во моментов Хан е во ветеринарна станица. Има проблеми со ногата и во тек е детален преглед. Се надевам дека ќе ги надмине сите проблеми“, изјави Дина.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author