29.03.2023 Скопје
Министерот Оливер Спасовски утрово соопшти дека преку опсежни истраги спроведени од страна на Министерството за внатрешни работи, лоциран е кластер на лица кои учествувале во лажните дојави за бомби кои секојдневно беа пријавувани од страна на училиштата и други институции.
Во гостување на утринската програма на националната телевизија, Спасовски истакна дека протоколите биле променети поради нивната застареност и несоодветствувањето на новите прилики со денешните, наспроти времето кога се донесени.
„Како држава ќе продолжиме интензивно да ја зајакнуваме својата сајбер безбедност, процес во кој влегуваат сите држави во регионот и пошироко”, истакна министерот Спасовски.
Последната кривична пријава во врска со овие лажни пријави е поднесена на 22 март оваа година, против еден малолетник кај кого е откриено дека имал учество во пријавување на дојави на лажни бомби.
Подготвено од М.Н.