22.03.2023 Скопје
Медиумите во Литванија јавуваат дека парламентот на Литванија во текот на вчерашниот ден усвои резолуција со која ги повикуваат земјите-членки на ЕУ да ја прогласат Русија за „терористичка држава“.
Резолуцијата беше поддржана од 114 пратеници во 141-члениот Сеимас.
„Пред сè, ја повикуваме Европската унија и нејзините земји-членки да работат заедно за да ја прошират правната рамка на ЕУ за да ги признаат државите кои спонзорираат тероризам и користат терористички средства и повикуваме да се обезбеди спроведување на политиката за санкции на ЕУ со заобиколување на какви било санкции“, истакна Раимундас Лопата, либерален претставник и еден од авторите на резолуцијата.
Резолуцијата вклучува покренување на прашањето за „одговорноста на Русија за воени злосторства, злосторства против човештвото или геноцид во Украина“, како и „признавање на Русија како држава која спонзорира и спроведува тероризам“.
Минатиот мај, Парламентот на Литванија ја означи Русија како „терористичка земја“ откако таа ја започна својата специјална воена операција на украинска територија.
Подготвено од А.Ѓ.