https://www.facebook.com/photo.php?fbid=3292496227667397&set=pb.100007211555008.-2207520000.&type=3

23.03.2023 Скопје

Лидерите на Европската унија го поддржаа планот за испраќање милион куршуми артилериска муниција во Украина во следните 12 месеци.

Таквата одлука е донесена затоа што Украина се соочува со недостиг на муниција по повеќе од една година борби.

Естонскиот премиер Каја Калас минатиот месец ја претстави идејата ЕУ да воспостави заеднички план за набавки сличен на оној што беше смислен за време на пандемијата на коронавирус за купување вакцини.

„Најитна потреба на Украина е брзо испраќање муниција, бидејќи тоа може да донесе предност во оваа војна“, рече Калас.

Според различни проценки, Украина истрелува 6.000-7.000 артилериски гранати дневно, околу една третина од вкупниот број на Русија.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author