vreme meteo

11.03.2023 Скопје

Српскиот метеоролог Недељко Тодоровиќ изјави дека снежната бура „ледениот армагедон“, која во претходните месеци ги парализираше САД и Канада, а пристигнува и во Европа, на Балканот може да се почувствува само периферно на 15 и 16 март.

Тодоровиќ истакна дека за неколку дена ќе пристигне само дел од тој настан, потоа може да има снег во пониските предели, а врнежи би имале повеќе од деновиве. Воедно, додаде дека повеќе снег ќе има во планинските предели и дека може да наврнат од 20 до 30 сантиметри нов снег.

Циклонот со врнежи, како што истакна Тодоровиќ, доаѓа од север, така што има поголеми шанси за снег до половина од територијата на Велика Британија, потенцирајќи дека е можно на некои места да падне многу снег, кој, како и во балканскиот регион, би влијаел на далноводите, односно би имало прекини на струја.

Според Тодоровиќ, денеска и утре температурите на Балканот ќе опаднат, а мраз се очекува во недела и понеделник наутро. Додека пак, вторник ќе биде топол ден со максимална температура блиску до 20 степени, што е увертира за студеното време на 15 и 16 март.

Тодоровиќ рече дека на крајот на март може да се очекува затоплување со температури повисоки од 20 степени.

„Ќе има честа облачност, секој петти или шести ден со врнежи од дожд, на планинските подрачја со снег, на месечно ниво просечната количина“, нагласи Тодоровиќ.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author