https://www.facebook.com/photo/?fbid=637689854388580&set=pb.100044427126625.-2207520000.

27.03.2023 Скопје

Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс го одбил лекарскиот совет да го оперира повреденото стапало, бидејќи сака да му помогне на својот тим да избори пласман во НБА плеј-офот.

Џејмс пред еден месец го повреди стапалото, а на теренот се врати во вечерашниот пораз од Чикаго (118:108). На овој натпревар постигна 19 поени.

„Искинав тетива на десното стапало, а за опоравување ќе бидат потребни повеќе од четири недели. Двајца лекари ми препорачаа операција, со што би завршила мојата сезона. Сепак, отидов кај „Леброн Џејмс за нозе“ и тој ми рече да не го прифаќам тоа и се вратив побрзо отколку што некој очекуваше“, истакна Џејмс.

Американските медиуми пренесуваат дека Џејмс ќе има операција на стапалото по завршувањето на сезоната, но додаваат дека најдобриот играч на Лејкерси ризикува посериозна повреда со ова одложување.

ЛА Лејкерс се на десеттото место во поредокот на Западната конференција на НБА со 37 победи и 38 порази.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author