02.03.2023 Скопје
Од Полициската управа за Подгорица соопштија дека дојавата за поставена бомба во зградата во која се сместени Врховниот, Вишиот и Апелациониот суд во Подгорица е лажна.
Антидиверзантските увидни екипи претходно извршија проверка на просториите.
Од канцеларијата за односи со јавност на Врховниот суд соопштија дека утринава околу 9:00 часот до полицијата која ја обезбедува зградата на овие судови пристигнала пријава за наводно поставена експлозивна направа.
Вработените беа евакуирани, а рочиштата беа одложени.
Подготвено од А.Ѓ.