https://www.facebook.com/photo/?fbid=748331556660574&set=pcb.748331599993903

02.03.2023 Скопје

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека Србија има две опции или да го признае Косово или да му се придружи на рускиот претседател.

Курти вели дека се надева оти Србија ќе го признае т.н Косово и дека тоа е единствената реална опција.

„Србија има две опции, или да го следи Путин или да не признае. Мислам дека реалната опција е да не признае. Убеден сум дека има маса граѓани во Србија кои сакаат добрососедски односи, развој и напредок кон обединета Европа Ова е еден дел од граѓаните, но моментално таму владее другиот дел, кој е цврсто поврзан со Русија, со балканското подземје, со олигарсите, со автократијата“, вели Курти.

Курти изјави дека се надева оти на крајот ќе победи демократската страна и дека Србија ќе го признае Косово.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author