27.03.2023 Скопје
Италијанскиот тренер Антонио Конте и Тотенхем договорно го раскинаа договорот и ја прекинаа понатамошната соработка. Се уште не е објавено кој ќе го заземе неговото место на клупата на тимот.
Од Тотенхем потсетија дека под водство на Конте минатата сезона се пласираа во Лигата на шампионите, му се заблагодарија за досегашната соработка и му посакаа се најдобро во понатамошната кариера.
Антонио Конте го напушти клубот по ремито против Саутемптон, кога ги критикуваше сите во клубот и зборуваше за менталитетот на Тотенхем и зошто не освоиле трофеј цели 20 години.
„Ни остануваат уште десет натпревари во Премиер лигата и имаме работи во наши раце во борбата за место во Лигата на шампионите. Мораме да се собереме заедно. Сите мора да се засилат за да обезбедиме највисок можен финиш за клубот и за неверојатните, верни навивачи“, изјави Данијел Леви, првиот човек на клубот.
По 16 месеци на клупата, Антонио Конте го напушта тимот на Тотенхем на четвртото место во Премиер лигата.
Подготвено од А.Ѓ.