04.03.2023 Скопје
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, на меѓународната конференција во Лавров изјави дека, „правдата ќе биде задоволена кога руското државно и воено раководство ќе одговара за војната што започна против Украина“.
„Украина со месеци се обидува да формира меѓународен суд каде лидерите од Москва ќе одговараат за воени злосторства“, истакна Зеленски на конференцијата.
На конференцијата во Лавов, посветена на прашањето на меѓународниот суд за руски воени злосторства во Украина, присуствуваа високи претставници на Европа и САД.
Меѓу другите, на конференцијата во Лавров присуствувале и американскиот секретар за правда Мерик Гарланд, холандскиот вицепремиер Вопке Хоекстра, и еврокомесарот за правда Дидие Рејндерс.
Подготвено од М.Н.