shuma

21.03.2023 Скопје

Од една добротворна организација за заштита велат дека климатската вознемиреност кај младите е поврзана со недостигот на пристап до зелен простор. Во анкетата нарачана од Woodland Trust, седум од 10 млади луѓе рекоа дека се загрижени за животната средина.

Анкетата на YouGov, исто така, покажа дека 86% од анкетираните чувствуваат дека тоа што се во природа има позитивно влијание врз нивното ментално здравје.

Трустот, кој управува со Младинската шума од 400 хектари во Мид во Дербишир, рече дека резултатите се алармантни.

Главниот извршен директор на трустот, д-р Дарен Муркрофт, рече дека пристапот до шумите се намалува, а покривката на дрвјата во Обединетото Кралство е една од најниските во Европа.

Д-р Муркрофт истакна дека младите луѓе доживуваат епидемија на климатска вознемиреност и се повеќе се загрижени за здравјето на планетата, потенцирајќи дека сите сме свесни дека да се биде на отворено и меѓу природата има позитивен ефект врз менталното здравје, но нивото на пристап до зелените површини едноставно не е доволно добро.

Дрвјата и шумите се составен дел за справување и со природата и со климатските кризи, но многу млади луѓе ги пропуштаат и физичките и менталните здравствени придобивки од престојот меѓу природата.

Главниот извршен директор на трустот ја повика владата до 2030 година на сите да им овозможи пристап до зелениот простор на 15 минути пешачење од нивниот дом.

Елисе Вајт (22), која работи во Младата шума, рече дека тоа што е блиску до природата имало „монументално влијание врз нејзиниот живот“. Исто така, така објасни дека страда од анксиозност, но шумата масовно има придонесено за трансформација на нејзината самодоверба и се има свртено кон околината и природата за удобност и одвраќање.

Онлајн анкетата, на 2.133 возрасни, од кои 226 се на возраст од 16-24 години, беше спроведена во февруари.

Хејли Џарвис, шеф на физичка активност за добротворната организација за ментално здравје Мајнд, рече дека активностите на отворено може да бидат одличен начин за подобрување на менталната благосостојба. Таа истакна дека боите, звуците и мирисите што ги наоѓаме на отворено ги стимулираат нашите сетила на поинаков начин и можат да ни го подигнат расположението.

„Тргнувањето од модерниот живот и во релаксирачки надворешен простор може да ни овозможи да се исклучиме од секојдневните притисоци, да помогнеме да се ослободиме од стресот и да ни даде време да ги расчистиме главите“, додаде Џарвис.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author