28.03.2023 Скопје
Кина потроши 240 милијарди долари помеѓу 2008 и 2021 година за финансиска помош за 22 земји во развој кои се приклучија на иницијативата „Појас и пат“.
Оваа информација произлегува од студијата објавена од Светската банка, Харвардската школа Кенеди и Килскиот институт за светска економија. Според студијата, во последниве години феноменот прогресивно се интензивирал, заедно со тешкотиите на земјите во развој во отплатата на заемите склучени за спроведување на проектите на БРИ.
Речиси 80 отсто од интервенциите за финансиска помош биле спроведени од Кина помеѓу 2016 и 2021 година, главно за поддршка на земјите со среден приход, како што се Аргентина, Монголија и Пакистан.
Кина има одобрено заеми од стотици илјади долари за изградба на инфраструктура во земјите во развој, но од 2016 година издавањето кредити се намали, бидејќи многу од проектите не го генерираат очекуваниот финансиски принос.
Заемите на Кина на земјите со ризик од неисполнување на обврските се зголемија од помалку од 5 отсто во 2016 година на 60 отсто во 2021 година.
Аргентина беше главен примател на кинеска финансиска помош, со 111,8 милијарди долари, а потоа следи Пакистан (48,5 милијарди долари) и Египет (15,6 милијарди долари). Кина преговара за планови за реструктуирање на долгот со земји како Замбија, Гана и Шри Ланка.
Подготвено од М.Н.