30.03.2023 Скопје
Денеска државниот јавен обвинител Љубомир Јовески истакна дека Обвинителството рабити на обезбедување на докази за смртта на шестгодишното девојче кое почина во битолската Болница.
Јовески посочи дека се уште ги немаат добиено резултатите од обдукцијата, но дека се сослушани повеќе лица за кои Обвинителството смета дека имаат сознанија да помогнат во расветлување на овој случај.
Државниот јавен обвинител по потпишувањето на меморандум за соработка со Министерството за внатрешни работи истакна дека Јавниот обвинител од надлежното Обвинителство во Битола ги презема неопходните мерки и обезбедува докази во врска со смртта на девојчето.
„Се уште протоколот од извршената обдукција Обвинителството не го добило. Во исто време Обвинителството работи на обезбедување и на други докази“, додаде Јовески.
Подготвено од А.Ѓ.