izrael golemi protesti

27.03.2023 Скопје

Огромен број луѓе синоќа ги преполнија улиците на израелскиот град Тел Авив, откако премиерот Бенјамин Нетанјаху го отпушти својот министер за одбрана поради неговото противење на планираните реформи во судството.

Политичката криза во Израел се продлабочи вчера, кога канцеларијата на Нетанјаху преку соопштение објави разрешување на министерот за одбрана Јоав Галант, бидејќи беше првиот член на владата кој повика на привремено суспендирање на контроверзните планови за ревизија на судскиот систем на земјата.

Премиерот Бенјамин Нетанјаху одлучи да го смени министерот за одбрана Јоав Галант од функцијата, а со реакција се јави и министерот за економија Нир Баркат, поранешен градоначалник на Ерусалим, и предложи Нетанјаху да „запре и повторно да го пресмета“ својот план за реструктуирање, предупредувајќи дека тој ја довел земјата на работ на граѓанска војна.

Подготвено од М.Н.

About Author