izlozhba

07.03.2023 Скопје

„Мајчинство“ е насловот на изложбата на дела од колекцијата на Националната галерија што ќе биде отворена денес во 19 часот во галерискиот простор на Чифте амам. Националната галерија традиционално, по повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март, организира тематска изложба, испраќајќи честитка до сите жени.

Изложбата опфаќа дела од домашни и од странски автори кои се дел од богатата колекција на Националната галерија, а ја опфаќаат темата мајка и мајка со дете.

Во рамките на изложбата ќе може да се видат дела од: Димитар Андонов Папрадишки; авторите од првата основоположничка генерација, меѓу кои: Никола Мартиноски, Лазар Личеноски, Димче Коцо, Димо Тодоровски; периодот на афирмацијата и навлегувањето на новите ликовни тенденции во повоените години, како: Петар Мазев, Ванчо Ѓорѓиевски, Глигор Чемерски и др. Исто така, застапени се и примери од авторите што припаѓаат на Југословенската збирка, меѓу кои: Иван Мештровиќ, Павле Симиќ, Лука Тошановиќ и др. Оваа презентација ќе ѝ овозможи на публиката да види ликовни остварувања од првите самоуки сликари, академски образовани уметници, како и од автори од поновите генерации.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author