07.03.2023 Скопје

Во Културно-информативниот центар на РСМ во Софија, денеска во 18:00 часот ќе биде отворена ликовната изложба „Реминисценции“ на Марјан Ѕингаров, повеќегодишен соработник и пријател на КИЦ на РСМ во Софија.

На изложбата ќе бидат претставени дела од од последниот циклус на авторот изработени на платно во комбинирана техника со акрилни бои.

Марјан Ѕингаров досега има реализирано девет самостојни изложби во Република Северна Македонија, Бугарија и во Романија. Учествувал на групни изложби во земјава и во странство.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *