italija zabrana za laboratoriska hrana

31.03.2023 Скопје

Италијанската влада го одобри нацрт-законот со кој се забранува производство и употреба на лабораториска храна. Целта на овој нацрт закон е да се заштити земјоделско-прехранбената улога на почвата, изјави италијанскиот министер за земјоделство, Франческо Лолобриџида.

„Лабораториските производи не гарантираат квалитет, благосостојба и заштита на нашата култура, нашата традиција“, додаде министерот Лолобриџида.

Предлог-законот предвидува казни до 60.000 евра и губење на правото на јавно финансирање до три години, а фабриките каде што ќе има прекршоци може и да се затворат.

Оваа иницијатива за забрана на храната која се одгледува во лабораторија ги налути организациите кои го поддржуваат развојот на земјоделски производи „базирани на клетки“ низ Европа, како и групите за заштита на животните.

Подготвено од М.Н.

About Author