09.03.2023 Скопје
Ирските власти соопштија дека Ирска ќе ги повлече своите сили од мировните сили на Обединетите нации меѓу Израел и Сирија на Голанската висорамнина.
Во соопштението, ирскиот министер за одбрана Микеал Мартин ја информираше владата дека 130-те пешадиски војници стационирани на сириската страна на границата како дел од Набљудувачките сили на Обединетите нации (УНДОФ) ќе се повлечат во блиска иднина.
Мартин, кој е и заменик-шеф на владата, рече дека одлуката е заснована на „проценка на одржливоста на обврските на ирската војска во странство“.
Ирското Министерство за одбрана соопшти дека повлекувањето на војниците ќе обезбеди дека ирската војска може да ја „исполни својата посветеност на борбената група на ЕУ“, воена единица под одбранбениот крак на Европската унија.
За точниот датум на повлекувањето требало да се разговара со претставници на ОН.
Подготвено од А.Ѓ.