iran protesti

06.03.2023 Скопје

Главниот ирански судија Голамхосеин Мохсени Еџеи изјави дека жените кои ќе го прекршат исламскиот кодекс на облекување во Иран ќе бидат казнети.

„Отстранувањето на хиџабот е еквивалентно на покажување непријателство кон Исламската Република и нејзините вредности. Луѓето кои ќе се вклучат во таков ненормален чин ќе бидат казнети“, рече Еџеи, потврдувајќи го законот по неколкумесечни немири.

Тој нагласи дека иранската влада, со помош на судските и извршните власти, „ќе ги искористи сите расположливи средства за да се справи со луѓето кои соработуваат со непријателот и го прават овој грев што му штети на јавниот ред“.

Смртта на иранско-курдката Махса Амини на 16 септември додека беше во полициски притвор поради прекршување на кодексот на облекување предизвика протести низ целата земја во еден од најтешките предизвици за иранската теократија од нејзиното формирање во 1979 година.

Сè посуровото присуство на безбедносните сили во голема мера ги задуши немирите во последните недели.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author