alkohol

06.03.2023 Скопје

Ирак го забрани увозот на алкохолни пијалоци и покрај критиките од христијанските членови на парламентот.

Ирачката царинска управа наведува дека на сите царински пунктови им е наложено да забранат увоз на сите видови алкохолни пијалоци. Овој потег се заснова на Законот за увоз од 2023 година, кој забранува увоз, производство и продажба на алкохолни пијалоци.

Спроведувањето на законот наиде на критики од христијанскиот пратеник Фарук Хана Ато, кој рече дека законот „се спротивставува на основите на ирачкиот устав“.

Минатата недела, пет христијански членови на ирачкиот парламент поднесоа тужба до Федералниот суд, оспорувајќи ја уставноста на законот за увоз.

Според ирачката комисија за човекови права, во Ирак има околу 250.000 христијани.

Според Анадолија, во главниот град Багдад има најмалку 200 лиценцирани продавници кои продаваат алкохолни пијалоци.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author