lek korpos

29.03.2023 Скопје

Иновативниот лек Корпос против мултиплекс склероза е достапен и за пациентите во Србија, изјави денеска српската премиерка Ана Брнабиќ, нагласувајќи дека станува збор за револуционерен лек кој значително ќе го промени текот на болеста и ќе го подобри квалитетот на животот на пациентите.

„Во Србија започна производството на првиот иновативен лек Корпос за третман на пациенти со мултиплекс склероза, а производството започна во компанијата Хемофарм заедно со најголемата светска биотехнолошка компанија Роше“, рече Брнабиќ во Вршац за време на обиколката на компанијата Хемофарм.

Брнабиќ изјави дека се водат преговори со оваа компанија за пошироко производство на други иновативни лекови во Србија.

Таа посочи дека во последните четири години за четири пати е зголемен бројот на заболени од мултиплекс склероза кои се лекуваат на сметка на Републичкиот фонд за здравствено осигурување, наведувајќи дека во 2019 година имало 1.000 такви пациенти, а во 2023 година 4.000.

Брнабиќ рече дека буџетот на Владата на Србија за 10 години е зголемен 33 пати за лекување на пациенти кои боледуваат од ретки болести.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author