01.03.2023 Скопје
Инфлацијата во Шпанија достигна нов рекорд во февруари, ниво што не е забележано во последните 37 години, и покрај сите мерки за ограничување на цените спроведени од левичарската влада на Санчез.
Новите податоци од Националниот институт за статистика откри дека инфлацијата во Пиринејската земја се зголеми за 6,1% во февруари во споредба со истиот месец од 2022 година.
Националниот институт за статистика објасни дека новата стапка претставува пораст од две десетини од процентниот поен во споредба со онаа забележана во јануари кога варијацијата беше 5,9%. Поради тоа, се задржува нагорниот тренд забележан во првиот месец од годината, кога завршија пет последователни месеци на забавување на растот на цените.
Во соопштението за печатот, Националниот институт за статистика нагласи дека трошоците за струја и енергија се двата главни двигатели на овој нов скок на инфлацијата во Шпанија, нагласи државната ИНЕ во соопштението за печатот. Покрај тоа, храната и безалкохолните пијалоци се зголемени повеќе отколку во февруари минатата година.
Посебна загриженост за владата е базичната инфлација (која не ја зема предвид непреработената храна или енергетските производи), која исто така се зголеми за две десетини од процентниот поен на 7,7%, што е највисока стапка од 1986 година. Најновото зголемување на базичната инфлација го зголемува ризикот долготрајна инфлација да се вкорени во шпанската економија и да ја отежне борбата против неа.
Од друга страна, Националниот институт за статистика наведува дека цените на горивата и мазива, кои пораснале во февруари 2022 година, и на комбинираниот превоз на патници, паднале во однос на стабилноста од претходната година.
Во споредба со јануари, потрошувачките цени забележаа раст од 1% на месечно ниво, покажува водечкиот показател на шпанскиот индекс на потрошувачки цени (CPI).
Шпанската влада спроведе неколку мерки за спречување на инфлацијата, меѓу другото, намалување, а во некои случаи и елиминација на ДДВ за некои прехранбени производи.
Основната храна која се оданочуваше со 4% во 2022 година сега е ослободена од ДДВ, а другите оданочени минатата година со 10% беа намалени на стапката на ДДВ од 5%, меѓу другите мерки за олеснување.
Општинските избори ќе се одржат во мај во Шпанија, а општите избори треба да се одржат во декември.
Подготвено од А.Ѓ.