31.03.2023 Скопје
Годишната стапка на инфлација во Франција во март падна на 5,6 отсто, поради падот на цените на енергијата.
Статистиката покажува дека инфлацијата на годишна основа во Франција забавила и паднала од 6,3 отсто во февруари на 5,6 отсто во март, главно поради пониските цени на енергијата и покрај повисоките цени на храната и тутунот, објави националната статистичка агенција INSEE.
Индексот на потрошувачките цени на месечно ниво е зголемен во март за 0,8 отсто, по растот од 1,0 отсто во февруари.
Германската инфлација исто така се намали во март поради пониските цени на енергијата, но сепак беше повисока од планираното, што врши дополнителен притисок врз Европската централна банка да ја заостри својата монетарна политика.
Подготвено од А.Ѓ.