08.03.2023 Скопје
Зголемената инфлација изложи веќе „комплексен“ и „неодржлив“ систем на цени за генеричките лекови, што ги доведе производителите на работ, честопати принудувајќи ги да ги повлечат своите производи од пазарот.
Словачкото Министерство за здравство го ажурираше законодавството за да ги одрази зголемените трошоци за производство, но фармацевтската индустрија инсистира дека тоа е недоволно.
Ондреј Сукеј, претседател на Словачката фармацевтска комора, истакна дека годишната стапка на инфлација во Словачка достигна 15,4% со што цените на лековите се зголемија за три пати во некои случаи.
Главно погодени се таканаречените лекови без рецепт, кои можат директно да се продаваат на луѓе без рецепт и не се покриени со јавно здравствено осигурување.
Сепак, споредлива е состојбата со лековите што се продаваат по цени утврдени со закон.
Иако и трошоците за производство пораснаа, тоа не може да се одрази на крајната цена на лекот. Според европските производители, ваквото производство е, според тоа, неодржливо.
Конкретно, секторот генерички производи, кој исто така е предмет на регулација во Словачка, известува за проблеми.
Бидејќи земјата не е самодоволна во производството на лекови, предизвиците за производителите на крајот се чувствуваат уште повеќе. Малите домашни фармацевтски производители произведуваат само фармацевтски супстанци, чија цена е нерегулирана.
Подготвено од А.Ѓ.