21.03.2023 Скопје
Компанијата „ИКЕА“ од својот асортиман го повлекува производот наменет за деца поради опасност од задушување. Станува збор за риболовната игра „BLÅVINGAD“, соопштија од овој трговски синџир.
Во соопштението се наведува дека ИКЕА апелира до сите клиенти кои се сопственици на BLÅVINGAD Fishing Game, повеќебојна, да престанат да го користат и да контактираат со ИКЕА за целосно враќање на парите, потенцирајќи дека bезбедноста е врвен приоритет за ИКЕА и затоа „преземаме мерки на претпазливост и ја повлекуваме рибарската играчка BLÅVINGAD, повеќебојна поради потенцијална опасност од гушење“.
Во соопштението се додава дека ИКЕА ги развива своите производи користејќи ригорозна програма за проценка на ризик и тестирање за да се осигура дека производите ги исполнуваат сите важечки закони и стандарди на пазарите каде што се продаваат.
„Сепак, забележавме дека малите нитни на играчката може да се откачат, што доведува до потенцијална опасност од гушење, особено за помалите деца. Затоа ја повлекуваме играчката за риболов BLÅVINGAD, повеќебојна“, објаснуваат од компанијата.
Заедно со објавеното извинување за непријатностите што ова повлекување може да ги предизвика од трговскиот синџир, тие објаснија дека производот може да се врати во која било стоковна куќа на ИКЕА. Како што е најавено, парите целосно ќе им бидат вратени на клиентите, а доказ за набавка, односно фактура не е потребен.
Подготвено од А.Ѓ.