brics samit pokanet e ruskiot pretsedatel

24.03.2023 Скопје

Рускиот претседател е поканет на самитот на БРИКС во Јужна Африка, и покрај налогот за негово апсење кој го издаде Меѓународниот кривичен суд, изјави јужноафриканската министерка за надворешни работи Наледи Пандор.

БРИКС е група на пет светски растечки економии Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканската Република, но се повеќе земји во развој се заинтересирани за приклучување во неа.

Според министерката Пандор, се очекува рускиот лидер да учествува на самитот, кој ќе се одржи во август, иако потерницата на Меѓународниот кривичен суд е „причина за некаква загриженост“.

Меѓународниот кривичен суд го кој го финансираат западни земји, не го признаваат Вашингтон, Москва, а ниту Пекинг, а налогот за апсење на рускиот претседател е издаден поради сомнеж за незаконско депортирање деца од Украина во Русија.

Подготвено од М.Н.

About Author