francija zabrana tik tok

25.03.2023 Скопје

Франција воведува забрана за користење на социјалната мрежа Тик-Ток и други популарни апликации на мобилните телефони на јавните службеници поради несоодветна безбедност и заштита на податоците, објавија властите во Париз.

Забраната ќе стапи на сила веднаш, стои во соопштението од Министерството за јавни услуги на Твитер, која се однесува исто така и на Инстаграм и платформата за стриминг Нетфликс.

Американските власти, исто така, размислуваат целосно да го забранат Тик-Ток, наведувајќи ја загриженоста дека кинеските разузнавачки служби би можеле да го користат за собирање податоци и влијание врз корисниците.

Подготвено од М.Н.

About Author