vafli

23.03.2023 Скопје

Појадокот е многу важен за нашето тело, а овие намирници можат да донесат болка и непријатност веќе во првите утрински часови.

Јаката храна не е исто што и нездрава храна, па затоа ви даваме листа на работи кои никако не треба да се најдат во вашата чинија наутро.

Можеби мислите дека сокот од портокал е добар начин да го започнете денот, но мора да запомните дека овие сокови содржат многу шеќер, особено оние кои имаат мала количина на овошје. Затоа е подобро да испиете чаша вода и да изедете портокал. Целото овошје ќе му ги даде на телото потребните витамини и минерали и влакна кои ќе ви го наполнат стомакот и ќе ви дадат чувство на ситост.

Често можеме да видиме во филмовите и сериите како едно семејство јаде палачинки или вафли со додатоци за појадок. Но, тоа е храна која не треба да ја јадеме за појадок. Наместо тоа, многу поздраво е да подготвите житарки, тост и јогурт со малку маснотии или омлет од белка од јајце. Тоа ќе ни ги даде потребните протеини и енергија.

На многу луѓе им треба кафе за да го започнат денот, но додатоците како шлаг, крем за кафе и многу шеќер се калориска бомба.

Масната храна никогаш не е најдобар избор, бидејќи е тешка за желудникот и е особено калорична. Обидете се да го избегнувате колку што можете повеќе, особено наутро.

Дали сакате да јадете колач со вашето кафе наутро? Оставете го за подоцна, на пример како десерт после ручекот. Појадокот секако не е време за ваков избор на храна.

Полни се со сол и маснотии, па затоа не се препорачува да ги консумирате. Особено наутро и доцна навечер. Ако навистина не можете да се воздржите, изберете здрави грицки како парчиња сушено јаболко.

Брзата храна е секогаш на листата на намирници кои треба да ги избегнуваме, доколку не сакаме да се здебелиме, но и да го нарушиме нашето здравје.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author