
03.03.2023 Скопје
Амбасадорот на САД во Србија, Кристофер Хил, изјави дека сега најитно е да се реши прашањето за Заедницата на српските општини.
Хил истакна дека Белград и Приштина на средбата во Брисел покажале дека се „многу сериозни за одење напред“, и затоа сега предлага дека потребно е најитно да се реши прашањето за ЗСО, а има и неколку причини за тоа, една од нив е дека прашањето постои веќе 10 години, и второ, ако се започне со тоа, Србите во Косово ќе се вратат во институциите.
Хил посочи дека треба уште многу да се работи, но дека најважен дел од работата е спроведувањето на договорот, и додаде дека сите разбираат колку е важно прашањето за преговорите меѓу Белград и Приштина.
Дијалогот меѓу Белград и Приштина е едно од прашањата кои влијаат и на понатамошното инвестирање на американските компании во Србија бидејќи компаниите им се најважни мирот и стабилноста, истакна Хил.
Подготвено од М.Н.