sudski sovet vesna dameva

29.03.2023 Скопје

На денешната 436-та седница, Судскиот совет го реизбра судијата Хасан Асани за претседател на Основниот суд Тетово.

Судијата Хасан Асани, кој доаѓа од Основниот суд Тетово, беше избран со 9 гласа „за“ и три против. На огласот, иако биле пријавени тројца кандидати, само Асани доставил комплетна документација.

Судскиот совет, претходно на денешната седница избра и двајца судии во Врховниот суд и двајца судии во Апелационен суд во Гостивар.

Во апелациониот суд Гостивар избрани се Даут Рустеми и Александар Милошески за судии од кривична област, а за судии во Врховниот суд во Скопје избрани се судијките Анита Бошковска и Катерина Георгиевска.

Подготвено од М.Н.

About Author